Владата ќе ги разгледа мерките на Грција кои може да влијаат врз македонската економија

Владата внимателно ќе ја разгледа антикризната мерка на Грција со која оваа држава планира да им ги укине бенефициите на своите домашни текстилни компании доколку не ги повлечат инвестициите од сите 47 земји низ светот, меѓу кои и Македонија.Ова го изјави вицепремиерот за еконосмки прашања Владимир Пешевски. Тој додаде дека доколку видат дека ефектите се негативни, Владата ќе се обиде да им помогне на комапниите да ги задржат вработените.
Пешевски смета дека ефектот од ваквата мерка на Грција за Македонија нема да биде поволен бидејќи грчките инвестиции од текстилот во земјава на пазарот во Грција ќе стануваат помалку конкурентни.