Протести во Москва

Протест во Москва под мото „ Москва за сите“

Илјадници демонстранти протестираа денеска во Москва против неодамнешната серија меѓуетнички судири. Демонстраторите со транспаренти на кои пишува „Фашистите се срам за Русија“ се собраа пред Кремљ како одговор на насилните судири од 11 декември.
Насилството покрена сомневања за способноста на Владата да се справи со порастот на ксенофобијата во земјата, јавуваат новинските агенции.