Градоначалникот на Будва ќе остане еден месец во притвор

Истражен судија им одреди синоќа еден месец притвор на градоначалникот на Будва, Рајко Куљача и на десетина негови соработници, кои беа упасени во петокот поради сомнение за корупција, проневера и измама.
Полицијата во петокот ги приведе градоначалникот на Будва, Куљача и потпретседателот на општината Драган Маровиќ,брат на вицепремиерот во заминување Светозар Маровиќ.
Приведените се осомничени за вмешаност во незаконско префрлање на 11 милиони евра на приватни сметки во врска со градежен објект во Будва.