Обама го осуди нападот во Пакистан

Бомбашки напади во Пакистан

Американскиот претседател Барак Обама денеска го осуди бомбашкиот напад во Пакистан каде загинаа над 40 луѓе, а стотина се ранети. Во сооштението од Белата Куќа е наведено дека САД се солидаризира со граѓаните и цврсто го поддржува Пакистан да продолжи со напорите за враќањето на мирот, безбедноста и правдата.