Медведев му ја честита победата на Лукашенко

Рускиот претседател Дмитри Медведев му честиташе на неговиот белоруски колега Александар Лукашенко за победата на претседателските избори, покрaј критиките на западните земји за недемократското справување на полицијата со опозициските протести. Потпаролот на претседателот Наталија Тимакова ијзави дека е испрaтено официјално писмо со честики до Лукашенко, по објавувањето на официјалните резултати во петокот за новиот мандат на Лукашенко со освоени речиси 80 проценти од гласовите. Претходно, за разлика од западните земји кои ги критикуваа настаните во Белорусија, Медведев изјави дека тоа се „ вантрешни работи на земјата“.