Судири во Судан, 40 лица загинале

Најмалку 40 луѓе се убиени при судирите на бунтовниците со суданската војска во регионот Дарфур. Локалните власти соопштија дека до борбите дошло кога војската ги нападнала бунтовничките групи „ Движење за правда и еднаквост„ и „движење за ослободување на Судан“. Во борбите загинале тројца војници, а 13 се ранети. Според податоците на Обединетите Нации, во таа област во последниве неколку години загинале околу 300 илјади луѓе а над 2,5 милиона луѓе избегнале во странство.