Еквадор - претоварен автобус причина за смрт на 41 лице

Во автобуска несереќа во Еквадор синоќа загина 41 лице, а преживеаа 30 патници. Автобусот сообраќал од главниот град Куета до истокот на земјата.
Според полициски извори, автобусот бил претоварен поради што возачот ја загубил контролата по што возилото паднало во длабока бездна.