Во Истанбул средба Карзаи - Зардари - Ѓул

Претседателите на Турција, Авганистан и Пакистан, Абдула Ѓул, Хамид Карзаи и Асиф Али Зардари, разговараа денеска во Истанбул. Договорено е трите држави да организираат заеднички воени вежби и да биде создаден систем за видео-конференциска врска меѓу тројцата претседатели. Тристраните средби, организирани по иницијатива на Анкара, имаат за цел изградба на доверба меѓу соседите Пакистан и Авганистан.
Турскиот претседател посочил дека железничката линија меѓу Турција и Пакистан треба да биде продолжена до Авганистан и да биде зголемен бројот на авионски летови со оглед на подобрата соработка.