Тачи: извештајот на Марти, политички памфлет

Косовскиот премиер Хашим Тачи во интервју за весникот Коха диторе оцени дека извештајот на Дик Марти во кој тој се обвинува за трговија со човечки органи, бил политички памфлет подготвен во Србија, а со благослов на Русија. ,,Извештајот нема да ја ослабне мојата позиција пред состанокот со претседателот на Србија Борис Тадиќ,, изјави Тачи, додавајќи дека западот веќе ја подготвувал оваа средба од која очекува отворање на соработката меѓу Косово и Србија.