Думата го ратификува СТАРТ

Сергеј Лавров

Долниот дом на рускиот парламент Државната Дума денеска го ратификува руско американскиот договор за намалување на нуклеарното оружје СТАРТ. За ратификацијата на документот што во април во Прага го потпишаа претседателите на двете земји Барак Обама и Дмитри Медведев гласаа 350, а против беа 58 пратеници. Во обраќањето во Думата шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека договорот е од интерес за Русија. Деновиве овој документ беше ратификуван од американскиот Сенат.