Уапсен градоначалникот на Будва

Градоначалникот на Будва Рајко Куљача, потпретседателот на општината Драган Маровиќ, брат на вицепремиерот во заминување Светозар Маровиќ и уште неколку лица, денеска биле приведени на сослушување во Подгорица. Тие се товарат за организиран криминал, односно за овозможување незаконска изградба на многу објекти и за злоупотреба на нивните функции.