Ноќни рации на НАТО силите во Авганистан

НАТО силите убиле двајца стражари и конфискувале оружје во ноќна рација во една приватна фирма за обезбедување во Кабул. Рацијата била извршена без соработка со авганистанските трупи. Властите во Кабул подолго време ги критикуваат ноќните рации на странските сили во приватни имоти. Според новите правила, ваквите акции треба најпрвин да бидат пријавени кај авганистанските власти.