Уапсен сопственикот на А1 Велија Рамковски

Велија Рамковски

Вечерва пред 23 часот е уапсен сопственикот на А1 Телевизија Велија Рамковски, јавуваат македонските медиуми. Според А1, 20–ина припадници на МВР го уапсиле Рамковски во просториите на телевизијата. Неговиот сват Фијат Цановски кој бил со Рамковски за време на апсењето изјави дека Рамковски околу 20 часот добил информација дека утре ќе биде уапсен и сакал да и се обрати на власта на вестите на А1 во 23 часот. А1 јавува дека е уапсена и директорката на А1 Анета Кочишки, како и неколкумина управители на фирмите регистрирани на истата адреса со полицијата. Пред околу еден месец УЈП со силно полициско присуство изврши контрола на неколку компании регистрирани на улица Перо Наков б.б., на истата адреса на која се наоѓа и А1 Телевизија.