Турција ја поздрави одлуката на САД за резолуцијата за ерменскиот геноцид

Турскиот министер за надворешни рабори Ахмед Давутоглу на средба со американскиот државен секретар Хилари Клинтон во Вашингтон

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу ја поздрави одлуката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес да не ја разгледува резолуцијата, која го прогласува за геноцид убивањето на Ерменци од османските сили во периодот на Првата светска војна.Давутоглу изјави дека евентуално одобрение на резолуцијата ќе предизвикало „штета на турско-американските односи“ и да ќе поткопало напорите на Турција за нормализирање на врските со Ерменија.