Во Собранието расправа за Законот за државни службеници

Собранието на Македонија денеска треба да расправа по предлог измените и дополнувањата на Законот за државните службеници, по скратена постапка.
На дневен ред на неколкуте седници закажани за денеска се и Извештајот за финансиското работење на Јавното претпријатие Македонска радио телевизија во 2009 година и Финансискиот план за редовно работење на Јавното претпријатие Македонска радио телевизија за 2010 година.