Јужна Кореја најави нова воена вежба

Во Јужна Кореја ќе биде одржана досега најголемата воена вежба со употреба на боева муниција, соопшти претставник на армијата. Новата воена вежба ќе биде на 20 километри од границата со Северна Кореја. Вежбите вклучуваат стотици трупи како и тенкови и хеликоптери. До вежбата доаѓа по еден месец од ракетниот напад на северна Кореја врз остров во Јужна Кореја во кој загинаа четири лица.