УНМИК: истрагите за воени злосторства ги води ЕУЛЕКС

УНМИК веќе не е вклучен во истрагата за воени злосторства во Косово и сите информации кои ги поседуваше предадени се на мисијата на Европската унија ЕУЛЕКС, изјави портпаролот на УНМИК, Оливија Салгадо, по повод обвиненијата за трговија со човечки органи на Косово, изнесени во извештајот на специјалниот известувач на Советот на Европа, Дик Марти.
Таа одби да ја коментира изјавата на поранешниот шеф на полицијата на УНМИК, Стју Келок дека некогашниот шеф на УНМИК, Бернар Кушнер редовно бил иозвестуван и оти морал да знае дека постои организиран криминал во Косово. Во колкава мерка Келок го известувал Кушнер не можам да знам, тој ја напушти мисијата пред речиси десет години, рече Салгадо.