Јужна Кореа најави нови воени вежби

Јужна Кореа најави серија воени вежби на копно и на море во кои ќе бидат вклучени авиони и тенкови и тоа во близината на границата со Северна Кореа. Денеска јужнокорејската морнарица почна воена вежба на сто километри од севернокорејските територијални води. Тензиите меѓу двете земји ескалираа откако Северна Кореа во минатиот месец го гранатираше јужнокорејскиот остров Јеонпјеонг при што загинаа четири лица.