Чешката влада го преживеа гласањето за недоверба

Опозициската чешка левица синоќа не успеа да ја собори владата на премиерот Петар Нечас, по корупцискиот скандал во Министерството за животна средина. Во Пратеничкиот дом, по жолчна неколкучасовна расправа, опозициските социјалдемократи и нереформираните комунисти дојдоа до само 80 гласови за недоверба на владата, а во долниот дом со 200 пратеници, им беа потребни 101 глас.