Американскиот Сенат најверојатно ќе го ратификува СТАРТ договорот

Потпишувањето на СТАРТ договорот во Прага

Портпаролот на Белата Куќа Роберт Гибс денеска во Вашингтон изјави дека е убеден оти две третини од Сенаторите ќе гласаат за ратификација новиот СТАРТ договор меѓу САД и Русија за намалување на нуклеарното вооружување. За да се ратификува договорот потребни се вкупно 67 гласови „за“ а демократите имаат вкупно 58. Претходно 9 мина Републиканци се изјаснија дека ќе гласаат „за“ ратификација на договорот.
Американскиот претседател Барак Обама и неговиот руски колега Димитри Медведев го потпишаа договорот во Прага во април.