Франција и Германија ги блокираа Бугарија и Романија

Франција и Германија донесоа одлука да го блокират приклучувањето на Бугарија и Романија во Шенген зона догодина. Портпаролот на Европската Комисија Микел Черконе изјави дека францускиот и германскиот министер за внатрешни работи сметаат дека таков чекор би бил „предвремен“ ако се случи во март 2011 година.
Тој додаде дека според нив, одлуката треба да биде донесена кога „основните проблеми ќе бидат решени односно кога ќе биде постигнат напредок во борбата со корупцијата и организираниот криминал“.