Кацин: Во извештајот на Марти недостигаат конкретни докази

Известувачот за Србија на Европскиот Парламент Јелко Кацин денеска изјави дека извештајот на Дик Марти за трговија со човечки органи во Косово не треба да биде изговор за да не почне дијалогот меѓу Белград и Приштина.Тој во интервју за Б92 изјавил дека извештајот е голем предизвик за судството и за парламентот на Советот на Европа, но изненадува фактот, како што вели тој, дека во извештајот недостигаат конкретни докази.