Дипломатски напори за смирување на кризата на Корејскиот Полуостров

Кина денеска ја повика Северна Кореја да ги прифати нуклеарните инспектори на Обединетите Нации со цел да бидат намалени тензиите на Корејскиот Полуостров. Инаку, во Пекинг допатува американскиот пратеник Бил Ричардсон, кој вчера беше во Пјонг Јанг на разговори со северно-корејски претставници. Ричардсон денеска изјави дека Северна Кореја се согласила на инспекција како и на формирање мешовита воена комисија кој ќе треба да превенира евентуални конфликти во областа на Жолто Море.