Силен земјотрес го погоди Иран

Луѓе седат пред своите уништени домови од земјотрес

Земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала го погоди југоисточниот дел на Иран , пренесува иранската државна телевизија. Новинските агенции јавуваат дека најмалку 7 луѓе загинале,а се стравува дека бројот на жртвите е многу поголем. Според државната телевизија, при земјотресот биле уништени најмалку 3 села, а полуофицијалната агенција Мехр јавува дека стотици луѓе се наоѓаат под урнатините. Епицентарот на земјотресот е регистриран во градот Хосеинбаду, во близина на историскиот град Бам кој беше погоден од разорен земјотрес во 2003-та, кога загинаа 26 илјади луѓе. Иран спаѓа во најтрусните подрачја во светот, каде секој десети ден има по едне послаб земјотрес.