Еулекс бара Марти да достави докази

Дик Марти

Мисијата на Европската унија на Косово (Еулекс)побара од известувачот на парламентарното собрание на Советот на Европа Дик Марти да и достави докази за наодите кои ги изнесе во извештајот за криминалните активности на одредени групи и личности во Косово меѓу кои и досегашнит премиер Хашим Тачи. Портпаролот на Еулекс за Ројтерс изјави дека упатиле писмо до Марти во кое бара инфрормации или податоци кои би можело да ги расветлат сомнежите изнесени во извештајот. Марти во извештајот го обвини Тачи дека е предводник на криминална група која се занимавала со шверц на наркотици и човечки органи при крајот на војната на Косово во 1999 година.