Односите меѓу САД и Венецуела повторно влошени

Соединетите американски држави предупредија дека односите со Венецуела повторно можат да се заострат, откако владата на Хуго Чавез го отфрли предлогот на Вашингтон за кандидат за амбасадор во Венецуела. Владата во Венецуела и формално го отфрли назначувањето на дипломатот Лари Палмер за амбасадор, соопшти портпаролот на Стејт Департментот, Филип Кроули. Палмер го налути Чавез со изјавата дека моралот во воена Венецуела е на ниско ниво и изрази загриженост што колумбиските бунтовниците добиваат засолниште во Венецуела. Односите меѓу САД и Венецуела се напнати со години.