Кина ги повика двете Кореи на воздржаност

Кинескиот амбасадор во ОН Ванг Мин ги повика двете Кореи на максимална воздржаност при решавањето на меѓусебниот конфликт. Тој изјави дека од двете страни се бара да делуваат одговорно и да не ги заоструваат тензиите. Мин изјави дека одржувањето на мирот и стабилноста на полуостровот е во интерес на двете земји но и на сите страни вклучени во тој спор. Кина во Советот за безбедност на ОН одби да го подржи барањето на запaдните земји да се усвои осуда за Северна Кореја поради нападот на Јужна Кореја на 23 ноeмври при што загинаа 4 луѓе.