Косовскиот премиер Хашим Тачи во интервју за новинската агенција Ројтерс изјави дека ќе го тужи европскиот известувач Дик Марти поради извештајот во кој го обвинува дека бил вклучен во трговија со човечки органи. Минатата недела Марти објави извештај во кој е посочен Тачи како лидер на криминална мрежа за трговија со дрога, оружје и човечки органи. Тачи ги негираше сите обвинениа.Во меѓувреме српскиот официјален претствник Расим Лајиќ денеска пристигна во Стразбург каде треба да се сретне со претставници на Советот на Европа задолжени за заштита на човекови права со кои треба да разговара за спроведување на детална истрага по ова прашање.