Тачи го повика Тадиќ на учество во преговорите Белград-Приштина

Косовскиот премиер Хашим Тачи

Косовскиот премиер Хашим Тачи го повика српскиот претседател Борис Тадиќ да учествуваат заедно во разговорите меѓу Белград и Приштина. Тачи додаде дека е во интерес на двете страни да се сретнат. Тој во интервју за приштински весник изјави дека сака да „започне изградбата на нови односи меѓу Косово и Србија“ преку средбите со Тадиќ.