Таџикистан фати 7 бегалци од затвор

Таџикистанската агенција за државна безбедност соопшти дека фатиле седумина од 25-те затвореници кои побегнале од затворот во август, во соседен Авганистан. Во соопштението е наведено дека двајца од фатените бегалци се Таџикистанци кои се осудени за обид за насилно уривање на владата.