Борисов: отповикување на дипломати кои соработувале со ДБ

Бојко Борисов - соработниците на ДБК проблем за дипломатијата

Премиерот Бојко Борисов изјави дека ја прифатил оставката на министерот без портфељ Божидар Димитров поради соработка со поранешната служба за безбедност.
Премиерот соопшти дека на следниот Министерски совет ќе му предложи на претседателот Георги Прванов да ги отповика дипломатите, кои соработувале со поранешната државна безбедност.
Според Борисов, се очекува утре изутрина и заменик министерот за внатрешни работи Павлин Димитров да поднесе оставка пред министерот Цветан Цветанов.
На прашањето дали и обласните раководители, поранешни соработници на Државната безбедност, ќе бидат отстранети од функциите, премиерот изјави дека тие работат на територијата на земјата и не создаваат проблеми.