Уапсени белоруските опозициски кандидати

Протести на приврзаниците на белоруската опозиција

Белоруските опозициски кандидати се уапсени во главниот град Минск, по судирот на полицијата со симпатизерите на партијата, кои се против новиот мандат на претседателот Александар Лукашенко. Најмалку три кандидати се во притвор, а четвртиот Владимир Некљаев кој заврши во болница по немирите, според неофицијални информации бил преместен од страна на неговите соработници. Приврзаниците на опозицијата се обидоа да влезат во зградата на владата, поради незадоволството од исходот на изборите, кои според нив се наместени во корист на Лукашенко.