Норвешката женска ракометна репрезентација го освои европското злато

Женската ракометна репрезентација на Норвешка успеа да ја одбрани европската титула. Таа повторно се закити со златен медал по победата со 25:20 против Шведска во финалето на Европското првенство во данскиот град Хернинг. За Норвешка ова е петта титула и четврта по ред. Во борбата за третото место репрезентацијата на Романија ја победи Данска со 16:15 и првпат освои медал на Европско првенство.