Мировните сили на ОН нема да го напуштат Брегот на Слоновата Коска

Мировните сили на Обединетите Нации одбија да го напуштат Брегот на Слоновата Коска откако тоа од нив го побара контреверзниот лидер Лаурент Гбагбо. Тој ги обвини 10-те илјади мировници дека ги вооружуваат „бунтовниците “ лојални на неговиот ривал Аласан Оутаба кој победи на претседателските избори. Генералниот Секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун го отфрли неговото барање и го повика Гбагбо да се повлече од фунцијата.
Двајцата противници Оутаба и Гбагбо тврдат дека победиле на претседателските избори оддржани минатиот месец, но меѓународната заедница ја призна победата на Оутаба. Тензиите во главниот град Абиџан ескалираа во четвртокот за време на протестите при кои загинаа над 30 луѓе.