Опозициската Иракија ќе биде дел од новата влада на Малики

Лидерот на коалицијата Иракија Ијад Алави

Поранешниот ирачки премиер Ијад Алави денеска изјави дека ќе се приклучи во новиот владин кабинет на премиерот Нури ал Малики. Новата владина структура ќе биде објавена в понеделник соопштија од кабинетот на Малики. Коалицијата на Алави, Иракија на изборите во март освои најмногу гласови но до сега не успеа да формира владина коалиција. Учеството на Алави и Иракија во владината коалиција може да помогне во обновувањето и стабилизација на земјата по години поминати во војна и целосното повлекување на американските трупи од Ирак до 2011-та година.