Кина ги повика Северна и Јужна Кореа да почнат преговори

Кинескиот министер за надворешни работи Јанг Џиеши ги повика Северна и Јужна Кореа да почнат отворени разговори со цел да се избегне чекор кој ќе ги зголеми тензиите меѓу нив. Кинескиот министер го изјави ова во телефонски разговор со неговиот руски колега Сергеј Лавров. Џиеши во разговорот истакнал дека евентуален нов судир може да ја наруши регионалната стабилност. Во текот на денешниот ден се очекува во Советот за безбедност на Обединетите Нации да се разговара за ова прашање откако Јужна Кореа најави дека планира да ги оддржи воените вежби кои само ја зголемија тензијата.