Беља бара Ахмети за 48 часа да се повлече од политичката сцена

„Лидерот на ДУИ Али Ахмети да се повлече за 48 часа од политичката сцена или ќе објавиме оригинални документи со кои се потврдува поврзаност на Ахмети со тајните служби“. Ова денеска го изјави лидерот на новата партија Албански Сојуз Вањон Беља. Тој додаде дека на домашна адреса „примил пратка со документи кои личеле на оригинали на претходно објавуваните копии кои го поврзуваат Ахмети со тајната служба“.