САД ја продолжуваат сорабоката со Хашим Тачи

Портпаролот на Стејт департментот Кроули

,,САД ќе ја продолжат соработката со косовскиот премиер Хашим Тачи и покрај извештајот на Советот на Европа што го доведува во врска со злосторства,, изјави портпаролот на Стејт департментот Филип Кроули. Тој оцени дека овие наводи нема фундаментално да ги нарушат американските односи со Приштина. Кроули повтори дека администрацијата во Вашингтон поддржува секоја истрага на надлежните по повод обвиненијата изнесени во извештајот.