Кина предупредува од можен корејски конфликт

Кина предупреди дека евентуален нов судир меѓу Северна и Јужна Кореа би можело да ја наруши регионалната стабилност. Кинеското министерство за надворешни работи денеска побара од двете влади да го избегнат таквиот чекор. Во меѓувреме американскиот гувернeр Бил Ричардсон кој престојува во Пјонгјанг моменталната ситуација ја оцени како буре барут. Претходно Северна Кореа предупреди дека ќе ја нападне Јужна Кореа доколку таа ги спроведе закажните воени вежби.