Викиликс ја отежнува работата на дипломатите

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун изјави дека објавувањето на американските дипломатски документи што го направи Викиликс, многу ќе им ја отежне работата на дипломатите. Тој оцени дека е неопходна рамнотежа меѓу слободата на изразување, односно правото да се знае и потребата да се зачува доверливоста која е неопходна во работата на дипломатите. Пред две недели, интернет страницата Викиликс почна да објавува повеќе од 250 илјади дипломатски телеграми.