Осуден новинар во Трансдњестар на 15 години затвор


Властите во Молдавија соопштија дека на новинарот Ернест Варданеан, во Трансдњестар, му е изречена казна затвор од 15 години, бидејки судот го прогласил за виновен поради шпионирање за Молдавија. Новинарот беше уапсен во април годинава во Тираспол и беше прикажана на телевизија како признава дека е шпион, но неговото семејство и пријателите тврдат дека тоа било изнудено со сила. Трансдњестар се одвои од Молдавија во 1990-та година, но не е меѓународно признат иако, де факто, има независност.