Нови закани од Северна Кореја против Јужна

Северна Кореја се закани дека ќе ја нападне Јужна доколку се одржи планираната воена вежба во Јужна Кореја со боева муниција. Пјонг Јанг соопшти дека овој пат нападот би бил многу посилен од оној во минатиот месец. Министерството за одбрана на Јужна Кореја соопшти дека вежбата ќе се одржи од 18-ти до 21-ви овој месец, без оглед на заканите од Северна Кореја.