Лидерите на ЕУ ќе го бранат еврото

Херман Ван Ромпуј, претседател на европскиот Совет

Претседателот на Европската унија рече дека лидерите на европските земји се подготвени да преземат се` за да го заштитат еврото. Херман Ван Ромпуј ја даде изјавата откако лидерите од Унијата се согласија да направат измени на Лисабонскиот договор со кои би се овозможила помош за земјите заглавени во долгови. За сега не се познати деталите околу механизмот кој ќе се користи за спас на задолжените земји.