Асанж е на слобода

Џулијан Асанж излегува од британскиот суд

Основачот на интернет страницата Викиликс Џулијан Асанж денеска е пуштен од притвор со условна кауција. Понискиот суд во Британија во вторникот донесе одлука дека Асанж може да биде ослободен со кауција, но обвинителството поднесе жалба на таквата одлука,но британскиот суд денеска ја отфрли жалбата на обвинителите.
Асанж беше уапсен пред 10 –тина дена по меѓународна потерница од Шведска за сексуално насилство.
Случајот за негово екстрадирање е отворен до 11 јаунари следната година.
Кауцијата за неговото ослободување изнесува 316 илјади долари.