Најмалку 7 лица загинале во Пакистан

Пакистански неименувани претставници на разузнавачките служби изјавија дека најмалку 7 луѓе загинале при ракетен напад врз куќа во северeн Вазиристан од најверојатно американско беспилотно летало. Над 100 ракетни напади се извршени годинава врз погранична област на Пакистан. Северен Вазиристан е под речиси целосна контрол на Талибанците и припадниците на Ал Каеда кои се фокусирани на борба со трупите на НАТО и САД преку границата во Авганистан.