Иран скрати на финансиите за Хезболах?


Иран е присилен драстично да ја намали помошта наменета за либанската исламистичка организација Хезболах, поради економските санкции со кои се соочува, јавуваат израелските медиуми. Техеран ги намалил фондовите наменети за Хезболах за 40 проценти, се вели во израелскиот весник Ерусалим Пост кој се повикува на анонимен извор од изралската разузнавачка служба. Иран досега го помагаше Хезболах со милијарда долари годишно , но сега е под санкции од Обединетите нации, САД и ЕУ поради контроверзната нуклеарна програма.