Откриени тајните сметки на Санадер?

Иво Санадер

Интерпол ги пронашол парите кои поранешниот хрватски премиер Иво Санадер нелегално ги испрал во Хрватска, објави синоќа Хрватската телевизија. На две тајни сметки во две странски земји Санадер ставил околу 1,35 милиони евра. Санадер кој се наоѓа во затвор во Салцбург каде што бил и уапсен по меѓународната потерница издадена од Хрватска денеска треба да се изјасни во врска со неговото испорачување во земјата. Санадер е осомничен за финансиски малверзации и за злоупотреба на службената положба.