Истрага за наводите за трговија со органи на Косово

Пи Џеј Кроули, портпарол на Стејт департментот

,,Сите наводи во извештајот на известувачот на Советот на Европа Дик Марти за трговија со човечки органи на Косово и во Албанија треба да бидат проследени до надлежните органи на натамошна истрага,, изјави портпаролот на Стејт департментот Пи Џеј Кроули на редовната прес конференција во Вашингтон. Според него, владеењето на правото е основа за стабилноста и напредокот на Балканот. Претходно, министерството за надворешни работи на Франција и Амнести Интернешнал побараа од мисијата на Еулекс да ги истражи наводите во Марти. Во извештајот кој денеска ќе биде разгледуван од соодветниот комитет на Советот на Европа се наведува дека косовскиот премиер Хашим Тачи бил поврзан со кримчарење оружје, наркотици и човечки органи.