Канческа-Милевска ја „преживеа“ интерпелацијата

Министерот за култура Канчевска Милевска на стартот на реновирањето на Македонската Опера и Балет

Собранието доцна синоќа ја отфрли интерпелацијата за министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска што ја поднесе опозицискиот СДСМ. За разрешување на министерката гласаа 16 пратеници, а 60 беа против. Опозицијата побара разрешување поради наводен криминал во Министерството поврзан со проектот Скопје 2014. Владејачкото мнозинство ги отфрли обвинувањата и даде подршка за работењето на Канческа-Милевска.