Самоубиствен напад во џамија во Иран - 39 мртви

Најмалку 39 луѓе загинаа, а повеќе од 100 се повредени во самоубиствен бомбашки напад во близина на шиитска џамија во градот Чабахар во провинцијата Систан-Балучестан во југоисточен Иран, јавуваат иранските медиуми.
Нападот се случи за време на молитва по повод 7 века од смртта на имамот Хосеин, една од најзначајните фигури во шиитскиот ислам.
Во провинцијата Систан-Балучестан делува милитантната сунитска организација Џундала или Божји војници, кои изведуваат повремени напади. Тие, како што велат, се борат против дискриминацијата врз Сунитите во мнозинско-шиитскиот Иран.
Џундала ја презеде одговорноста за нападот врз шиитска џамија во провинцијата во јули кога загинаа 28 луѓе.